160
По одличната игра против Њукасл, се очекуваше дека Маркус Рашфорд ќе стартува против Хетафе во Ла Лига, но тој од клупата го почна натпреварот.
„Дејли Мејл“ откри дека причината поради која Рашфорд беше на клупата е казна од Ханси Флик за англискиот фудбалер.
Наводно, Рашфорд задоцнил две минути на тимски состанок и поради тоа не бил во стартниот состав.
Феран Торес и Роберт Левандовски беа стартери, а првиот мораше да игра како лево крило, но добро се снајде и даде два гола.
Казната за доцнење лани ја почувствуваа Жил Кунде и Ињаки Пења, а оваа сезона поради иста причина Рафиња не се најде во првата постава портив Валенсија.