Рашфорд „нова жртва“ на строгиот Флик, доминантно издание на Барса против Хетафе (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Олмо и Торес слават по водството на Барселона против Хетафе.

Барселона со доминантна партија славеше со 3-0 против Хетафе, Маркус Рашфорд мечот го почна од клупата како казна поради тоа што утрово задоцнил на состанок со тимот.

„Каталонците“ сосема очекувано стигнаа до трите бода против Хетафе, со доминантна партија славеа со 3-0.

Резултатот беше отворен по 15 минути игра, Рафиња одлично го уфрли Олмо, кој со пета атрактивно остави топка за Феран Торес да реализира за 1-0.

Истиот фудбалер погоди за 2-0 во 34. минута во мат во три потези и една брза контра во која Рафиња се уфрли на време и потоа несебично асистираше за нова радост.

Конечните 3-0 беа дело на Олмо во 62. минута, Шпанецот доби топка од Рашфорд на врвот на шеснаесетникот и без многу мака ја затресе мрежата.

Интересно, Маркус Рашфорд мечот го почна од клупата и покрај тоа што беше двоен стрелец против Њукасл во Лигата на шампиони.

Англичанецот утрово задоцнил на состанокот со тимот, Ханси Флик не му прости и го смести помеѓу резервите како казна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×