753
Маркус Рашфорд се поврзуваше со потенцијално заминување од Манчестер Јунајтед.
Особено по доаѓањето на Рубен Аморим англиското крило не е во преден план, па поради тоа се кренаа шпекулациите. Сепак, самиот Рашфорд реши преку социјалните мрежи да го демантира потенцијалното заминување.
„Имаше многу лажни вести во последните седмици. Ве молам, ова станува смешно. Не сум се сретнал со ниту една агенција за да заминам, немам такви планови“, напиша Англичанецот.
Се зборуваше дека Рашфорд би можел да заврши во Саудиска Арабија, а постоеше наводен интерес и од неколку премиерлигаши, како и италијанскиот првак Интер. Рашфорд тврди дека во моментов не размислува за заминување од Јунајтед.