Рашфорд стави потпис на нов договор со Јунајтед и доби три пати поголема плата!

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед потврди дека ја продолжува соработката со напаѓачот Маркус Рашфорд.

„Манчестер јунајтед со задоволство може да потврди дека Маркус Рашфорд потпиша нов договор, кој ќе го задржи во клубот до јуни 2023 со опција за продолжување на уште една дополнителна година“, стои во соопштението на Рашфорд.

Според информациите на англиските медиуми, платата на Рашфорд со новиот договор ќе биде значително поголема, ќе изнесува околу 300.000 фунти неделно.

„Манчестер јунајтед ми е се во животот откако дојдов тука на седум години. Овој клуб ме изгради и како играч и како личност, се чувствувам привилигирано што добив можност да го носам овој дрес. Сакам да му се заблагодарам на Оле и неговиот стручен штаб за се што направија за мене, тие се перфектна група на тренери од кои ќе продолжам да учам и да се развивам на следно ниво. Ќе дадам се од себе да му помогнам на клубот да се врати таму каде што припаѓа и да донесе успех на нашите фанови“, изјави Рашфорд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани