204
Рашфорд не беше стартер во победата на Манчестер јунајтед над Базел од 3-0 во Лигата на шампионите. Напаѓачот во игра влезе во 77. минута, а само седум минути подоцна постигна гол.
Тоа беше негово деби во Лигата на шампионите и веднаш постигна гол со што ја направи уште поимпресивна неговата статистика.
Претходно Рашфорд постигна гол на своето деби во Лига Европа, на својот прв натпревар во Премиерлигата, на првиот меч за англиската репрезентација и на дебито во Лига Купот на Англија.
На пет натпреварувања како дебитант Маркус Рашфорд постигнува голови, Манчестер јунајтед и Англија имаат голем напаѓач кој има само 19 години.