2,6K
Втор ден по ред како Маркус Рашфорд пропушта тренинг на англиската репрезентација поради повреда на коленото. Напаѓачот се уште нема одржано тренинг во Русија.
Сепак тој работи напорно во теретана за да биде фит за натпреварот против Тунис кој се игра дури во понеделник.
„Благодарам за пораките кои ги добивам. Добив мал удар, но ништо страшно“, напиша Рашфорд на својот твитер профил.
И од ФА потврдија дека не се работи за посериозна повреда, па реална е можноста селекторот Саутгејт да го има Рашфорд на располагање за премиерниот меч на Светското првенство.