Рашфорд: Менталитетот на Ибрахимовиќ може да биде клучен за нас

by
1 минути читање

Ибрахимовиќ се покажува како големо засилување за Манчестер јунајтед, постигна вкупно 20 голови во досегашниот дел од сезоната, 15 во Премиерлигата и пет во другите натпреварувања.

Рашфорд ужива да учи од 35 годишниот фудбалер кој има големо влијание во соблекувалната на Јунајтед.

„Мислам дека начинот на кој тој размислува е најголемата работа што можат да ја научат не само младите туку и другите играчи од него“ – вели Рашфорд.

„Неговиот менталитет е многу важен за соблекувалната“.

„Понекогаш кога имаме пад тој може да не крене, или кога сме во подем да не задржи на високо ниво. Присуството на таков играч може да биде клучно“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани