Рашфорд го нема на списокот на Манчестер јунајтед за ЛШ, но…

by
2 минути читање

Манчестер
јунајтед можеше да пријави 25 играчи, но Жозе Мурињо на списокот вметна 24
имиња, и на големо изненадување место имаше и за Златан Ибрахимовиќ, кој се
уште се опоравува од повреда и нема конкретен датум кога ќе се врати на
терените.

На листата немаше
место за младиот Маркус Рашфорд, па многумина од фановите беа збунети и почнаа
да креваат паника на социјалните мрежи, но нема потреба за тоа.

Покрај овој списокот,
„Црвените ѓаволи“ ќе може да достави и Б листа на играчи на 24 часа пред секој
од натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите.

На овој список се
наоѓаат сите играчи кои се родени на или пред 1. јануари 1996 и можеле да
играат за клубот во непрекинат период од две години откако наполниле 15 години.

Па Маркус Рашфорд
ќе се најде на овој список, заедно со уште неколку играчи како што се Туанзебе,
Жоел Переира и Мектоминеј.

Списокот на Манчестер јунајтед со 24
играчи за ЛШ:

Голмани: Де Геа,
Ромеро

Одбрана: Валенсија, Баји, Смолинг, Џонс, Линделоф, Рохо, Блинд, Дармијан, Шо

Среден ред:
Погба, Ерера, Матиќ, Фелаини, Карик, Јанг, Лингард

Напад: Мхитарјан,
Мата, Марсијал, Лукаку, Ибрахимовиќ, Вилсон

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани