Мирор објави дека
Маркус Рашфорд е близу до нов, многу побогат од сегашниот договор со Манчестер
јунајтед со неверојатна сума од 70 милиони фунти.
Англискиот
напаѓач според информациите кои ги објави Мирор, е во завршни преговори со
тимот од Олд Трафорд со кој би се обврзал на верност со Премиерлигашот до 2024.
година, односно би потпишал петгодишен договор.
Неофицијално, 21
годишниот напаѓач во преговорите побарал да биде платен исто колку што беше и
Вејн Руни во периодот кога тој беше член на клубот, односно, неделна плата од
300,000 фунти.
На годишно ниво,
ако се остварат овие најави, Рашфорд би заработувал околу 14 милиони фунти, а
со бонуси, целокупниот договор до 2024. година би му донел заработка од цели 70
милиони фунти.
Актуелниот
важечки договор на офанзивецот со Премиерлигашот истекува идното лето, но
истиот има и опција за дополнителни 12 месеци.
Новиот договор
сигурно нема да го направи најплатен во составот на Манчестер јунајтед, каде на
првото место е Алексис Санчез со неделна плата од 500,000 фунти, а по него би
можел да следи Давид Де Хеа кој во преговорите за нов договор бара 350,000
фунти неделна плата, а договорот на шпанскиот голман има важност до идното
лето.