Ранокија: Месец и пол сум во Англија, сонце не сум видел

by
1 минути читање

Дефанзивецот на
Интер во последниот ден од зимскиот преоден рок се пресели во Хал на позајмица
до крајот на сезоната.

На почетокот од
овој месец, Андреа Ранокија изјава дека е импресиониран од фудбалот во
Премиерлигата.

„Да знаев дека е
толку добро немаше да чекам до 29. година за да дојдам да играм во Англија
– рече Италијанецот за официјалниот
сајт на Хал.

Но во разговор со
медиумите од Италија, Андреа Ранокија сега проговори и за животот надвор од
фудбалските терени, па исто како мнногу други играчи, тмурното време му
преставува проблем.

„Од Италија ми
недостасуваат тестенините и сонцето
– вели Ранокија.

„Тука сум месец и
пол, сонце не сум видел. Практично врне секој ден
.

„Се мачам со
јазикот, а проблем беше и возењето на погрешната страна од улицата. Само првиот
ден два пати влегов во погрешна насока
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани