Раниери знае кој е виновникот за неговиот отказ од Лестер, тоа не се фудбалерите

by
1 минути читање

Клаудио Раниери доби шокантен отказ од Лестер иако неколку месеци претходно му донесе сензационален трофеј на клубот во Премиерлигата.

Лестер сега повторно игра во добра форма, па некои сметаат дека фудбалерите се виновниците за отказот на Раниери, но тој не мисли така.

„Не можам да верувам дека моите фудбалери ме предадоа. Не, не, не“ – вели Раниери за Скај Спортс.

„Можеби некој зад мене. Имав проблеми и претходната година и ја освоивме титулата. Па можеби оваа година, кога губевме, овие луѓе притиснаа малку повеќе и добив отказ“.

„Слушам многу приказни. Но нема да кажам кој е тој. Јас сум лојален човек. Тоа што имав да го кажам, му го кажав нему лице во лице“.

„Натпреварот со Севиља беше пресвртниот, сите се бореа заедно, Џејми Варди постигна гол. Но на патот накај дома сфатив дека ќе бидам отпуштен. Тоа беше шок за мене и за многу други луѓе“.

„Кога ја освоивме титулата добивав многу подароци и картички, шишиња со вино и шампањ. Кога добив отказ мојата куќа повторно е полна“.

„Не можам да одговорам на сите кои ми дадоа поддршка, немам толку време, па сакам да им се заблагодарам на сите фанови“.

„Сум освојувал трофеи низ Европа, но никогаш шампионска титула во домашно првенство. Три пати сум бил втор. Лестер и фановите цел живот ќе бидат во моето срце“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани