Клаудио Раниери по трет пат ќе се врати на кормилото на Рома и ќе ја оправа сезоната на „волчицата“, но стратегот минатиот месец имаше многу замерки за клубот од Олимпико.
По отказот на Иван Јуриќ, многу имиња беа поврзани со клупата на Рома а на крајот изборот падна на Клаудио Раниери, кој се врати од пензија за по трет пат да седне на кормилото на „волчицата“.
Откако вечерва практично беше потврдено дека Клаудио Раниери ќе го наследи Иван Јуриќ, за кратко време вирална стана една изјава на искусниот стратег од минатиот месец.
„Ми се чини дека Рома е клуб без душа и карактер“ – рече Клаудио Раниери како критика по отказот на Даниеле Де Роси.
„Не разбирам што направија со Де Роси. Кога му давате тригодишен договор, испраќате порака до сите дека му верувате на тренерот и градите нов тим. Па морате да му дадете време на тренерот, не можете да го избркате по само четири кола“.
„Веројатно семејството Фридкин не се единствените виновници, тие инвестираа многу пари, но ова покажува дека парите не се гаранција за успех“.