Раниери конечно проговори за отказот: Сум поминал низ сито и решето, но ова со Лестер…

by
1 минути читање

Девет месеци откако со Лестер приреди големо изненадување и испиша убава
бајка со триумф во Премиерлигата, Клаудио Раниери ја искуси суровата страна на
фудбалот и доби „клоца“ по серијата лоши резултати.

Стратегот сега за прв пат проговори за отказот, Италијанецот вели дека бил
шокиран од одлуката на „Лисиците“.

„Кога ќе помислам
на Лестер, прво што ми паѓа на памет е големо изненадување, а потоа огорченост
– вели Клаудио Раниери.

„Сум поминал низ
сито и решето во текот на кариерата, но никогаш не сум доживеал вакво нешто
.

„Бев шокиран, но
на крајот овие работи се дел од фудбалот
.

Клаудио Раниери
исто така најави дека нема да говори повеќе на оваа тема се до 10. април, кога
на Скај Спортс ќе се појави како стручен коментатор за дуелот помеѓу Кристал
Палас и Арсенал.

„Нема да говорам
повеќе се до тој ден. Работите се случија во Англија, па ми се чини дека е
исправно за ова да зборувам во Англија
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани