723
Паоло Дибала ќе мора да паузира од терените околу еден месец, потврди Рома.
Дибала е најдобриот фудбалер на Рома и неговото отуство сигурно ќе биде проблем за тренерот на Раниери.
Повредата Аргентинецот ја заработи во натпреварот против Каљари в недела, а во Рома првично стравуваа дека станува збор за повреда на коленото кое го мачеше Аргентинецот подолго време, но прегледите покажале дека во прашање е бутот.
Освен за Рома, Дибала ќе ги пропушти и двата натпревари кои Аргентина ќе ги игра со Уругвај и Бразил.