На големо
изненадување, Клаудио Раниери во февруари доби отказ од Лестер, девет месеци по
огромниот успех кој им го донесе и титулата во Премиерлигата.
Но денешното
издание на Експрес најавува враќање на стратегот во најсилното првенство на
Англија.
Весникот пишува
дека Клаудио Раниери би можел да биде наследник на Валтер Мацари на кормилото
на Ватфорд.
Сопственикот на
Ватфорд, Џино Поцо не е задоволен од начинот на кој Валтер Мацари го предводи
тимот, а особено е фрустриран поради тоа што стратегот не може да го совлада
англискиот јазик и има проблем при комуникацијата со играчите и персоналот.
Џино Поцо има
високо мислење за Клаудио Раниери, кој е добар пријател на неговиот татко, и
верува дека неговиот сонородник може да го искачи клубот на следното скалило.
Но проблем е тоа
што Клаудио Раниери од принцип не сака да седне на преговарачка маса се додека
Валтер Мацари е менаџер на Ватфорд.