Тренерот на Рома, Клаудио Раниери беше бесен на судијата Тобијас Штилер, стратегот упати и критика до својот сонарoдник Роберто Росети, кој е задолжен за делегирање судии во Европа.
Рома синоќа одигра 1-1 на гостувањето кај Порто во првиот натпревар од плеј-офот во Лига Европа, а по крајот на пресметката на Драгао, Клаудио Раниери беше бесен на судиите и упати многу критики.
Главен судијата беше Тобијас Штилер, кој покажа дури 8 жолти картони на „волчицата“ и го исклучи Брајан Кристанте.
„Мене ми изгледа дека судијата само чекаше нешто да се случи во шеснаесетникот за да им ја подари победата“ – вели Клаудио Раниери.
„Ова е јасно, затоа моите момци беа иритирани, не може да се случува нешто вакво“.
Тој потоа го критикуваше својот сонародник Роберто Росети, кој е задолжен за делегирање судии во Европа.
„Не ми е јасно како можеше Росети да го направи ова, во Порто да испрати судија на чиј натпревари гостите стигнале до само двете нерешени исходи, а сите други завршиле со победа на домаќините“.
Пред неколку години и Мурињо го критикуваше Росети откако судијата Тејлор не досуди пенал за Рома во финалето во Лига Европа против Севиља.
„Еден мој пријател ми кажа дека Росети бил тој го делегирал Ентони Тејлор во финалето во Лига Европа пред неколку години, и сега многу повеќе ми е јасно, има логика во тоа што го кажуваше“.