Раниери: Бајката на Лестер се уште живее во мојата кожа, во моето срце

by
1 минути читање

По кратката пауза Клаудио Раниери се враќа на работа, назначен е за нов тренер на Нант, но Италијанецот уште еднаш се присеќава на моментите кои ги живееше во Лестер.

„Бајката на Лестер живее во мојата коша, во моето срце“ – изјави Раниери во интервју за „Газета дело Спорт“.

„Учествував во повеќе настани поради тоа што бевме позитивен пример. Добивав честитки од Италијанци, Англичани, Канаѓани, Новозеланѓани, Јапонци…. ги допревме срцата на секој агол од светот“.

„Понекогаш се случува да освојувате невозможни предизвици. Мислам дека примери за тоа се Барак Обама станувајќи претседател со неговото „Да можеме“ и титулата на Лестер во Премиерлигата“.

„Што остана од тоа достигнување? Солзите на англиските фанови по мојот отказ. Јас бев херој дури и кога ме избркаа. Најмногу бев сакан, во тој негативен момент“.

„Важно е да не мислите дека сте супермен, дека можете да добивата невозможни мечеви. Не можам да одам на Марс, иако сакам да одам таму“.

„Фудбалот ми е кислород, периодот кога бев невработен беше тежок за мене. Не уживам во долги одмори“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани