Реал Мадрид игра во лоша форма на стартот од сезоната во Примера и има заостанување од 8 бод во однос на лидерот Барселона.
„Кралевите“ не блескаат ниту во Лигата на шампионите, а особено се мачи првата ѕвезда Кристијано Роналдо.
За лошите резултати Португалецот вина најде во трансфер политиката и истакна дека Реал сега е послаб откако изминатово лето клубот го напуштија Пепе, Хамес Родригез и Алваро Мората.
Но на ова остро одговори Серхио Рамос, капитенот во емисијата Ел Ларгуеро на Кадена СЕР го прекори ЦР7.
„Не се сложувам со Роналдо околу тоа дека тимот е послаб“ – вели дефанзивецот. „Се отвори можност други да се докажат и да истапат“.
„Кога триумфиравме во Суперкупот на Европа и на Шпанија, не се жалеше ниту Роналдо ниту некој друг“.
„Никој не ни недостасува, освоивме се со играчите кои сега се тука. Составот е променет, но одредени играчи допринесуваат едни работи а други допренесуваат други работи“.