Рамос удри по судиите: Не ме изненадува тоа што не ни свират пенали како на Барса (ФОТО)

by
2 минути читање

„Кралевите“
одлично ја започнаа сезоната со две моќни изданија против Барселона во Суперкупот
на Шпанија.

Но како да
застанаа таму, и во Примера дури три пати кикснаа и тоа пред своите фанови. Па
по само пет кола имаат дури 7 бода негатива во однос на Барса на табелата.

По вчерашниот шок
во дуелот со Бетис, Серхио Рамос реши да изврши мал притисок врз судиите, па капитенот
на Реал се пожали од третманот кој го добива неговиот тим.

„Колку повеќе
зборуваме за судиите толку е полошо“
– вели дефанзивецот. „Треба да ги
почитуваме судиите и да ги оставиме да си ја вршат работата најдобро што
можат“.

„Но не ме изненадува
тоа што не ни свират пенали како на Барселона. Секогаш е покомлицирано да му се
додели пенал на Реал отколку на било кој друг клуб“.

„Сепак, да
постигневме три гола немаше да се жалиме за ништо“.

Замерките на
Серхио Рамос веројатно се однесуваат на одлуката на Матеу Лахос да не досуди
ништо за стартот на Хави Гарсија врз Марсело. Фудбалерот на Бетис го собра и
противничкиот играч и топката, па домаќините веруваат дека имало доволно
елементи да се покажа на белата точка.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани