Серхио Рамос ја
имаше честа прв да разговара со медиумите на „Филип Втори“, дефанзивецот вели
дека утре имаат нов состанок со историјата.
„Секој пат кога
ме прашуваат за улогата на капитен, кажувам дека е привилегија да се биде
капитен на Реал и сум горд што ја носам капитенската лента” – вели Шпанецот.
„Утре имаме нов
состанок со историјата, финале помеѓу победниците во Лига Европа и Лигата на
шампионите. Ова е шанса за нова титула и се надевам дека ќе се вратам во Мадрид
со трофејот”.
Во Скопје, Реал
допатува со најсилен тим, во составот се најде и Кристијано Роналдо, кој почна
да тренира со полна пареа во сабота.
„Роналдо е многу
важен играч за нашиот тим без ралика колку време тренира со нас. Тој игра важна
улога и со него сме друг тим, без ралзика дали ќе игра или ќе биде на клупата.
Има голем карактер”.
Запрашан дали
Реал има предност поради тоа што добро го познава Жозе Мурињо, Серхио Рамос
вели: „Мислам дека е важно добро да се знае противникот, тоа ви помага да го
намалите ризикот од тактички изненадувања”.
„Но фудбалот е
фудбал. Можете да знаете како некој противник ќе одигра против вас, но не
можете да се подготвите на се, не можете да предвидите одредени работи или за
нив да се подготвите на тренинзите. Можеби Мурињо е во предност бидејќи и тој
добро го познава Реал”.
Серхио Рамос пред
неколку години можеше да го напушти Реал Мадрид и да се пресели на Олд Трафорд,
но трансферот на крајот не се реализираше.
„Тоа е минато.
Имав шанса да потпишам за Јунајтед, но мојата ситуација се реши подобро во
Реал. Сакам да му се заблагодарам на Јунајтед што пројави интерес за моите
услуги”.