Серхио Рамос се понуди да се врати во Севиља, дефанзивецот беше подготвен да игра и беспари, но и покрај тоа беше одбиен.
Изминатиов период, името на Серхио Рамос често се поврзуваше со Севиља, дефанзивецот предводи конзорциум кој сака да стане нов сопственик на клубот од „Рамон Санчез Пизхуан“.
Но во последните неколку дена почнаа да кружат и гласини за можно враќање на Серхио Рамос во тимот, Шпанецот се понудил да игра беспари до крајот на сезоната.
Сепак, од таборот на Севиља решија да не му понудат договор на својот поранешен фудбалер.
Прва причина е тоа што дефанзивецот не се вклопува во плановите на тренерот, и со оглед на тоа дека во моментов е без клуб и не е во полна натпреварувачка форма, нема да може веднаш да помогне, ќе му биде потребно време за да влезе во ритам.
Втора причина се финансиите, и покрај тоа што Серхио Рамос ќе игра беспари, Ла Лига не го дозволува ова, и ќе мора во пресметките да се вметне одредена сума, а Севиља нема никаков простор за корекција на сметката за плати.
ФОТО: X/Sevilla Fútbol Club