Рамос проговори за состојбата во Шпанија, можноста Барселона да ја напушти Примера и односот со Пике

by
2 минути читање

Изминатиов период Каталонија е во фокусот на вниманието
на светската јавност, и тоа од политичка гледна точка, оваа шпанска покраина
бара независност, а властите во Мадрид референдумот кој беше организиран го
прогласија за неважечки кој се коси со законите на таа земја.

За жал, политичката состојба во таа земја го зафати и
фудбалот, поточно тамошната фудбалска репрезентација, ако се земе во предвид
дека за Шпанија настапуваат и Каталонци, најголемо внимание привлече Џерард
Пике, фудбалерот на Барселона.

Пике се најде на удар кај Шпанците, а свое мислење на
оваа тема има фудбалерот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, неговиот колега од
репрезентацијата на Шпанија.

Ме боли кога ќе видам што се случува, бидејќи мислам
дека заедно сме посилни. Тажен сум кога ја гледам сликата на Шпанија која е
видена низ целиот свет
“ издвои Рамос.

Дефанзивецот на мадридски Реал не може да ја замисли
Примера без Барселона, откако се појавија низа шпекулации дека наводно
каталонскиот клуб би можел да се пресели во друга лига.

Не можам да ја замислам Примера без Барселона. Не можам да прифатам Барселона да игра во некоја друга лига“ вели тој, а притоа го коментираше
неговиот моментален однос со Пике.

Доколку го споредиме мојот однос со Пике, во моментов,
и претходно, можам да кажам дека се согласуваме многу добро. Претходно немавме
никаков однос. Се почитуваме еден со друг бидејќи играме заедно. Пике во
репрезентацијата секогаш имал однесување кое е за пример, без разлика на тоа
што мислат другите
“ додаде Рамос.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани