Рамос открива зошто често го исмева Пике и проговори за односот со ривалот од Барса

by
3 минути читање

Поради лутото
ривалство помеѓу Барселона и Реал Мадрид, двајцата често знаеа да влезат во
војна преку медиумите или пак на социјалните мрежи, а ситуацијата дополнително
се искомпликува по референдумот за независност на Каталонија.

Серхио Рамос сега
отворено говореше за неговиот однос со Жерард Пике, и истакна дека во моментов
се е во ред помеѓу двајцата.

Тој исто така
откри дека и често се шегува со дефанзивецот на „Кталонците“ бидејќи целото име
и презиме му е Жеард Пике Бернабеу: „Од време на време го потсетувам дека неговото
презиме е Бернабеу (како што се вика стадионот на Реал Мадрид)!

„Го имам
„пецкано“ и дека е внук на Сантијаго Бернабеу
.

За односот со
колегата од репрезенацијата тој додава:
„Доколку направиме споредба со односот
кој го имавме во минатото, можам да ви кажам дека сега се сложуваме прилично
добро. Претходно речиси и да немавме никаков однос, сега се почитуваме еден со
друг. Двајцата сме многу позрели, разговараме за сопругите и нашите деца. Пике
секогаш се однесувал примерано во репрезентацијата на Шпанија, без разлика какви
се неговите ставови
.

Неодамна и Жерард
Пике негираше дека е во лоши односи со Серхио Рамос, и тогаш играчот на
Барселона дури откри дека ќе започне бизнис со капитенот на Реал Мадрид.

„Да, можноста да
влезам во бизнис со Жерард Пике е на маса
– потврди самиот Рамос. „Се уште сме на почетокот, ќе видиме
што ќе се случи…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани