Рамос одговори на провокацијата од Пике: Прегледај го вашиот натпревар со ПСЖ!

by
1 минути читање

Судењето на унгарскиот судија Виктор Кашаи на мечот помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен крена многу врева која не стивнува лесно.

Во текот на мечот, по голот на Кристијано Роналдо од офсајд, Пике се огласи преку својот твитер профил и на необичен начин го прокоментира судењето. Неговиот твит стана хит на интернет, па Серхио Рамос не можеше да се воздржи а да не му врати, му порача повторно да го погледне мечот со ПСЖ кој исто така имаше лоши судиски одлуки, но во корист на Барселона.

„Тој треба да го прегледа натпреварот со ПСЖ па да видиме дали ќе го има истото мислење за судиите. Ајде да почекаме да видиме што ќе се случи на нивниот реванш натпревар со Јувентус“ – вели Серхио Рамос.

На вчерашниот меч Серхио Рамос прослави убав јубилеј, го одигра 100. натпревар во Лигата на шампионите.

„Тоа е прекрасна бројка и се надевам дека ќе имам уште многу години пред мене, се додека уживам во оваа работа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани