Рамос му одговори на Пике: Да бевме за нијанса подобри, ќе примевте три или четири!

by
1 минути читање

Реал Мадрид ја
доби „Ел класико“ пресметката со Барселона со 2-0 и се врати на врвот на табелата во
Ла Лига.

Жерард Пике негодуваше по крајот на натпреварот, истакна дека никогаш
не видел толку лош Реал како тој во првото полувреме, истакна дека самите се
виновни што противникот се вратил посилен по паузата, и порача дека доколку тие
искористеле едена или две од шансите кои ги креирале, „кралевите“ ќе имале
планина за искачување.

Серхио Рамос не
пропушти да одговори, капитенот на Реал вели дека со две раце потпишува да
победи на секое „Ел класико“ со толку лоша игра како што вели Жерард Пике и додава
дека Барса можела да прими три или четири доколку тие за нијанса биле подобри.

„Секој има право
на свое мислење и јас го почитувам мислењето на Пике. Со две раце потпишувам да
победам на секое „Ел класико“ со толку лоша игра во првото полувреме како што
тој вели. Пристапот ни беше поинаков, во првото полувреме одлучивме да им го
препуштиме поседот на топката а во второто решивме да ги притиснеме. Во
продолжението ја изгубија свежината, па почнавме да креираме шанси. Да бевме за
нијанса подобри, ќе примеа три или четири“
– вели Рамос.

„Не знам дали ова
беше најлошата Барса која ја имам видено, нивната игра се базира на посед на
топката. Ја почитувам нивната филозофија, но ние имаме друг стил. Нашиот стил
не е ниту подобар, ниту полош, едноставно е различен“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×