205
Капитенот на Шпанија, Серхио Рамос вечерва ќе игра во Англија со својата репрезентација, некои очекуваат свирежи кон него од трибините поради тоа што го повреди Салах во финалето од Лигата на шампионите.
„Никогаш не сум излегол на теренот со намера да повредам друг професионалец, па мојата совест е чиста“, изјави Рамос за англиските новинари.
„Дојдов тука со Шпанија за да победам, не ми е гајле што луѓето ќе речат или како ќе бидам примен“.