Рамос лут на фановите на Севиља: Мене ми ја пцуете мајката а Ракитиќ и Алвеш ги пречекувате како богови

by
1 минути читање

Дефанзивецот
потекнува од младинската школа на клубот од Андалузија, но не омилен кај дел од
публиката на Рамон Санчез Писхуан, особено оние најжешките навивачи на Севиља.

Слична беше
ситуацијата и на вшерашниот реванш во Купот на Шпанија, Серхио Рамос од
одредени трибини добиваже свирежи, а беа упатени и навреди на негова адреса.


Ситуацијата
дополнително се вжешти кога во завршниот дел од средбата играчот со „паненка“
постигна гол од белата точка.

„Не покажав
непочитување кон никого”
– вели дефанзивецот. „Не ми се допаѓа однесувањето на
дел од трибините, кои ме исвиркуваат и ја навредуваа мојата мајка и мене уште
од првата минута”.

„Севиља секогаш
ќе биде мојот дом, но јас сум капитен на Реал Мадрид и ќе ги бранам боите на
мојот тим”.

„Долги години
доаѓам на стадионов и никогаш не сум пречекан онака како што посакувам, онака
како што ги пречекуваат другите”.

„Иван Ракитиќ и
Дани Алвеш ги пречекуваат како богови. Мене ми ја пцујат мајката”.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани