Рамос го повика цел тим на вечера, тројца не се појавиле

by
1 минути читање

Во средата навечер составот на Реал Мадрид по покана од капитенот Серхио Рамос имал вечера во добро познатиот ресторан во Мадрид, „Асадор Доностиара“ со цел да се собере позитивна енергија за добар финиш на сезоната од која останаа уште седум кола.

Рамос рекол дека лично тој ќе ја плати целата сметка за вечерата бидејќи токму тој ги поканил сите фудбалери, стручниот штаб и останати членови на Реал Мадрид кои работат со првиот тим.

Тројца фудбалери не се појавиле на вечерата, Герет Бејл, Кејлор Навас и Карим Бензема. Сите тројца имале причина за отсуството, но не баш убедливи. Првите двајца ја пропуштиле и претходната заедничка вечера која се случила во јануари.

Голманот пред многу кратко време стана татко по втор пат па преферирал да биде со својата сопруга Андреа, додека на Герет Бејл му било доцна бидејќи ќерка му требала рано да оди на училиште. Велшанецот вообичаено рано си легнувал, пред 23 часот. Карим Бензема бил присутен на претходната вечера но не можел овој пат. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×