Капитенот на Реал
Мадрид е еднаков пред законот во Шпанија како и сите останати граѓани на таа
земја, па така ни пристигнува една доста невообичаена вест од таму поврзана
токму со Серхио Рамос.
Иако станува збор
за звучно фудбалско име, сепак, властите во Мадрид не признаваат имиња, па така
поради лоша проценка на неговата компанија „Агулења де Инверсионес СА“, истата
ќе мора да исплати „дебела“ парична казна, за што стигна потврда и од судските
органи во Шпанија.
Се работи за
сечење на стогодишни дрва во урбана средина во шпанската престолнина, што е
казниво по шпанскиот закон, па така на компанијата на Рамос и се заканува казна
од цели 250 илјади евра.
Според
известувањата од „АС“, дури 60 до 90 дрва од различни видови биле исечени,
повеќето од нив со голема димензија, истите биле исечени илегално од
компанијата.