Рамос додава масло на огнот: Вратата за Грзиман во Реал Мадрид е отворена

by
1 минути читање

Не е вообичаено фудбалери од Атлетико Мадрид да прават трансфери во Реал и обратно, но медиумите најавуваат дека може да се случи сенационален премин на Гризман.

Францускиот фудбалер со гол на Бернабеу му донесе бод на Атлетико Мадрид во градското дерби, а се шпекулира дека од следната сезона може да го облече и белиот дрес.

„Ќе видиме, вакви трансфери ги полнат насловните страници, тој е одличен фудбалер кој се докажува со години“ – вели Рамос.

„Реал Мадрид секогаш ги отвара вратите за големите фудбалери“.

И покрај пишувањата на дел од шпанските медиуми, се чини дека е нереално Гризман од Атлетико Мадрид да се пресели во Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани