Рамос доби црвен картон, па се пошегува на социјалните мрежи (ВИДЕО)

by riste
8 минути читање

Легендата на шпанскиот фудбал и на Реал Мадрид, Серхио Рамос е познат како играч кој често добива црвени картони, па таквата пракса ја продолжи и во Монтереј.

Монтереј забележа важна победа на гостувањето кај Пумас со 3-1, а во 91. минута Рамос направи глупав потег за кој доби црвен картон.

Шпанецот сосема непотребно намерно го шутна противничкиот фудбалер Мартинез Ајала, па доби директен црвен картон.

По мечот Рамос објави Инстаграм пост во кој меѓудругото напиша и: „Очигледно не можам да ја напуштам оваа лига без црвен картон“, по што следуваше смајли.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани