Рами со невнимателен старт на 48 часа пред СП, Мбапе се превртуваше на теренот од болка (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На 48 часа пред стартот на Светското првенство, Килијан Мбапе го загрижи лекарскиот тим на Франција. Напаѓачот го повреди скочниот зглоб на левата нога по еден невнимателен старт на Адил Рами. Фудбалерот на ПСЖ се превртуваше на теренот од болка, па веднаш почнаа да кружат најразилчни шпекулации.

Најцрните прогнози велат дека тој ќе го пропушти мундијалот. Сепак, се чини дека повредата не е толку сериозна и во таборт на „Триколорите“ владее оптимизам дека Килијан Мбапе ќе биде подготвен веќе за натпреварот против Австралија во сабота.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани