Македонската репрезентација денеска завршува со кратките подготовки во Скопје по што ќе летне за Данска каде во четврток го игра полуфиналниот бараж натпревар за пласман на СП против Данска.
Фудбалерот од средниот ред, Решат Рамадани вели дека играчите се максимално фокусирани на мечот.
„Свесни сме за значењето на овој натпревар за нас. Ја знаеме вредноста што ја има овој дуел за Македонија и затоа ќе влеземе на теренот подготвени да го дадеме максимумот. Каков и да биде исходот, тоа е составен дел од спортот, а конечниот резултат ќе биде вистински одраз на прикажаното“, вели Рамадани.
„Мотивацијата кај фудбалерите е на максимум. Подготвени сме да го дадеме најдоброто од себе во секоја минута, со висока тактичка дисциплина, а резултатот ќе биде показател за нашиот труд и залагање.“