ФФМ соопшти дека претседателот Муамед Сејдини и потпретседателот Лазар Ракиџиев, потпишале договор со в.д. градоначалникот на Штип, Јане МИланов за избрадба на западната трибина и реконструкција на стадионот.
Проектот ќе биде финансиран од „хет-трик 5“ програмата на УЕФА, западната трибина да има капацитет од 2.400 места за седење, ВИП ложа, простор за медиуми и за лица со инвалидитет, а во поттрибинскиот простор да бидат соблекувалните и простории за службени лица по стандардите на УЕФА и ФИФА.
„За една година градскиот стадион во Штип ќе добие целосно нова западна трибина со капацитет од 2400 места и со поттрибински простори. Секако, општина Штип ќе инвестира и во реконструкција на источната трибина, така што Штип ќе добие модерен стадион каде што ќе може да настапува и нашата репрезентација. Во изминатиот период правиме големи работи за фудбалската инфраструктура во нашата држава, а еден од важните центри е Штип. Допрва следува најважниот дел, но се надевам дека се ќе се одвива според предвидената динамика и на крајот ќе бидеме горди на новиот стадион во еден од најфудбалските градови во нашата држава, изјави Муамед Сејдини, претседател на ФФМ.
Во Штип наскоро треба да се одржат градоначалничките избори, а во меѓувреме вршител на должноста на оваа функција е Јане Миланов кој го потпиша договорот.
„Денеска потпишавме договор за изградба на западната трибина на градскиот стадион во Штип. Овој договор ги содржи нашите меѓусебни права и обврски. Придобивките од оваа трибина се огромни не само за спортот во Штип, туку и за љубителите на спортот, истакна в.д. градоначалникот, Миланов.