Ракитиќ: Таа ми рече дека ќе го одлучам мечот

by
1 минути читање

Хрватска како брз
воз мина низ групната фаза од Светското првенство, многумина очекуваат голем
успех на Коцкестите по тоа што го прикажа, но, јасно беше дека против Данска ќе
биде тешко.

Откако резултатот
од регуларниот дел игра гласеше 1-1, истиот не се промени ниту во
продолженијата, се премина во пенал серија, во која Коцкестите беа поуспешни во
драмата која на крајот ја реши Ракитиќ со еден ладнокрвен удар. Тој по мечот издвои дека било тешко, но, додаде дека сите од хрватската репрезентација се заслужни за овој голем успех.

Данците биеја
добро, но Субашиќ имаше сили да одбрани три пенали, оваа генерација го заслужи
овој успех, беше тешко, во второто полувреме остана малку сили на теренот, беше
спарно, тешко за дишење, потоа дојде и пенал за Модриќ во второто продолжение
кој не беше гол на крајот
“ рече популарната „Ракета“.

Во тие моменти
мислев на ќерките, мојата сопруга пред натпреварот ми рече дека јас ќе бидам
играчот кој ќе одлучи, на некој начин беше така. За овој успех сите сме
заслужни
“ додаде фудбалерот на Барселона.

Во четвртфиналето
Хрватска ќе ги одмери силите против домаќинот на Мундијалот, Русија, која ја
елиминираше Шпанија, исто, по изведување на удари од белата точка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани