Ѕвездата на
Барселона, Иван Ракитиќ вели дека излегува надвор само во случај кога треба да
го фрли отпадот од својот дом, Шпанија е „затворена“ во повеќе сегменти како
дел од мерките на тамошните власти за справување со пандемијата од
коронавирусот.
Денеска падна
нова одлука на шпанските фудбалски власти, кои тамошниот фудбал го суспендираа
на неопределен рок, иако првично одлуката гласеше до 3. април, сосема очекувана
е денешната вест, а Ракитиќ ја доловува тамошната атмосфера.
„Излегувам надвор
само во случај кога треба да го фрлам отпадот, а тоа е оддалечено 50 метри од
кај мене, само поради таа причина излегувам на улица“ вели Хрватот, притоа открива дека залихи во домот
направил уште минатиот месец.
„Од мечот со
Наполи (25.02) јас веќе бев подготвен за сево ова, се снабдив со сите потребни
работи“ додава Ракитиќ.
„Убаво се сеќавам
кога игравме против Наполи на нивен терен во Лигата на шампионите, уште од
тогаш постоеа предупредувањата, а почнаа токму од таа земја, му реков на
докторот дека не сум сигурен околу тоа, може да биде уште полошо, сега сите ќе
мораме да бидеме обединети“ додава тој.
„Во овие моменти
секако дека би сакал да излезам на улица и барем таму да играм фудбал, или да
направам прошетка, да пешачам, но, мораме сите да разбереме дека сега потребно
е ова да го сториме, да ги почитуваме препораките“ порачува фудбалерот на
Каталонците.
„Јас имам во
мојот дом справи за вежбање, теретана, а мојата сопруга е зависна од тоа, секој ден
вежбаме, имаме и простор за децата, и нив да им биде забавно, тие играат, ние
тренираме, истовремено добиваме и инструкции од нашиот фитнес тренер за тоа
како да работиме периодов“ заклучи Ракитиќ во интервјуто за официјалниот
клупски сајт.