Ракитиќ открива: Јас требаше да го изведам пеналот, но ми наредија да го пуштам Маскерано да шутира

by
1 минути читање

По 7 години и 319
натпревари во дресот на „Каталонците“, Хавиер Маскерано конечно го постигна
својот прв гол за Барселона.

Аргентинецот
денеска на дуелот со Осасуна погоди од белата точка.

По крајот на
натпреварот, Иван Ракитиќ откри дека тој требал да го шутира пеналот во
отсуство на Меси, Суарез и Нејмар, но по наредба на Жерард Пике, должноста му
ја препуштил на Хавиер Маскерано за тој конечно да го забележи голот првенец.

„Јас требаше да
го изведам пеналот, но Пике ми кажа да го пуштам Маскерано да шутира и беше во
право
– вели Хрватот.

„Мората да го
слушате претседателот
.

Иван Ракитиќ потоа
испрати и честитки на социјалните мрежи до својот соиграч.

„Честитки до
Маскерано за првиот гол во дресот на Барса. Се надевам дека нема да чекаме
нови 319 натпревари за следниот
– напиша репрезентативецот на „коцкастите“ на Инстаграм.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани