Хрватска почна
лошо на мечот против Данска во осминафиналето каде уште во првата минута дојде
до негатива од 0-1 по една грешка, а само три минути подоцна Коцкестите
израмнија по што ја презедоа контролата на мечот.
Модриќ промаши од
белата точка во продолженијата, момент кој можеше да донесе голема победа, но
потоа се премина во изведување од белата точка, претходно, Ракитиќ имал
мотивациски говор пред своите соиграчи, а веќе истиот е познат за јавноста.
„Пред
изведувањето на пеналите се собравме и им кажав на сите играчи ‘Лука не спасуваше
многу пати, сега ни дојде нам редот, ние да го спасиме него’. На Субашиќ му реков
’Уживај, ова ќе биде твој
момент’“ откри популарната
Ракета, а Субашиќ беше извонреден на голот во пенал серијата.
Коцкестите
утревечер со почеток од 20 часот играат голем меч против домаќинот на турнирот
Русија, шанса за полуфинале со што би се достигнал успехот на популарната
генерација од 1998. година која стигна до топ четирите екипи на Мундијалот во
Франција.