Ракитиќ ја коментираше одлуката на Барселона да го пушти Нејмар да си замине

by
1 минути читање

Се чини дека Иван Ракитиќ е фудбалерот кој најмногу го
погоди заминувањето на Нејмар од Барселона ова лето и преселбата во ПСЖ за
фантастична сума од 222 милиони евра.

Говорејќи во интервју за „BBC“, тој истакна дека одлуката на клубот
да го пушти Нејмар да си замине била премногу лоша.

Мене премногу тешко ми падна заминувањето на Нејмар од
тимот, не затоа што е еден од најдобрите фудбалери во светот, туку што
истовремено е и прекрасна особа
“ изјави фудбалерот од средниот ред на
Барселона, Иван Ракитиќ.

Беше премногу важен во нашата соблекувална, според мене
тој е еден од најдобрите луѓе кои сум ги запознал во светот на фудбалот
“ додаде
Хрватот.

Според мене одлуката да го пушти Нејмар да си замине е
премногу лоша, би сакал да и натаму останеше со нас, меѓутоа ја почитувам
неговата одлука да си замине, ПСЖ беше во можност да ја плати таа оштета,
Нејмар сакаше да си замине и ние можевме само да му посакаме среќа, ништо
повеќе…
“ заврши Ракитиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани