Ракитиќ имаше интересна реакција на пофалбите од Мурињо

by
1 минути читање

Постојано се шпекулира со заминување на Ракитиќ од Барселона иако неговиот допринос за Каталонците е многу значаен.

Пред некое време на адреса на Ракитиќ пристигнаа големи пофалби од Мурињо кој рече: „Тој е фантастичен фудбалер на секое ниво. Извршува дефанзивна работа по десната страна компензирајќи за Меси. Трча километри. Фантастичен е кога ја има топката, едноставен е и ефективен. Тој е еден од најпотценетите фудбалери. Па сакам да завршам со тоа што ќе кажам дека ние нормално зборуваме за големите фудбалери и за мене Ракитиќ е на тоа ниво“.

Хрватот сега открива како ја прифатил изјавата од Мурињо:

„Беше неверојатно да се слушне тоа. Кога слушнав си реков дека вакво нешто ни татко ми не би кажал. Мурињо е еден од најголемите тренери во светот и неговите зборови ми дадоа многу самодоверба и мотивација. Сакам наскоро да го видам Мурињо повторно во фудбалот“, изјави Ракитиќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×