Ракитиќ го засилува Манчестер Сити?

by
1 минути читање

Хрватскиот фудбалер играше во фантастична форма минатата сезона, но има проблеми во оваа. Откако имаше неколку лоши натпревари го загуби местото во првиот тим.

Летото Барселона даде богатство за да го купи Андре Гомеш, кој го презема местото на Ракитиќ во првиот тим.

За вечерашниот меч против Виљареал, Хрватот не беше ниту на клупата, а тоа само ги подгрева шпекулациите кои велат дека заминува од Камп Ноу.

Според „Јутарни лист“, Манчестер Сити е пред ангажман на Иван Ракитиќ.

Гвардиола ќе пазари од својот поранешен клуб со цел да донесе вистинско освежување во тимот на Манчестер Сити кој не игра онака како што тој сака.

Одредени англиски медиуми пишуваат дека и Манчестер јунајтед е заинтересиран за Ракитиќ. Во наредните денови ќе видиме дали Хрватот ќе направи трансфер во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани