Според
информациите кои ги објави Тутоспорт, се вели дека Интер ги пренасочил своите
планови за засилување во средниот ред во својот состав, па така наместо Иван
Ракитиќ, сега Нероаѕурите ќе се фокусираат на Илкај Гундоган од Манчестер Сити.
Шефот на стручниот
штаб на Барселона, Ернесто Валверде ставил вето во клубот за евентуална
продажба на Ракитиќ на лето, фудбалер кој според него е неопходен во составот
на Каталонците, а воедно и фудбалер кој му е очајно потребен во реализирањето
на неговите планови, потврди Тутоспорт.
Спортскиот
директор на Интер, Пјеро Аусилио, како и извршниот директор Бепе Марота во
Гундоган гледаат идеално засилување во тимот на Нероаѕурите за идната сезона.
Германскиот
интернационалец оваа сезона има 42 настапи во дресот на англискиот првак, каде
постигна пет погодоци, а тој би ги чинел Нероаѕурите околу 40 милиони евра.
Актуелниот
важечки договор на Гундоган со Граѓаните истекува идната година, а речиси
сигурно е дека продолжување на соработката помеѓу обете страни нема да има, а
не е исклучена можноста тој уште на лето да си замине од Манчестер.
#Inter have reportedly shelved their plans to sign Barcelona’s Ivan Rakitic and will instead set their sights on Ilkay Gundogan of Manchester City https://t.co/Vgo29tyEwU #MCFC #FCBarcelona #FCIM pic.twitter.com/6XdI2mGYAp
— footballitalia (@footballitalia) April 13, 2019