102
Во 77. минута од средба помеѓу Гранада и Барселона, Иван Ракитиќ влезе во
бележникот на судијата по еден старт над Андреас Переира.
Иван Ракитиќ веруваше дека не направил ништо за да добие жолт картон и
противничкиот играч одглумил, па ги загуби нервите и упати навреди кон фудбалерот
на Гранада.
„Ќе испаднете, ќе
испаднете. Ку*вин сине, следната сезона ќе играте во втора лига!” – гласеше пораката на Хрватот, кој
ретко избувнува на теренот.
Иван Ракитиќ
веројатно ќе биде во право, Гранада заостанува осум бода во однос на местото
кое носи опстанок.
Но Андреас Переира е само на позајмица од Манчестер јунајтед и покрај на
сезоната ќе се врати на Олд Трафорд.