Ракитиќ дал зелено светло за трансфер во Јувентус?

by
1 минути читање

Фудбалерот од
средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ, според неофицијалните информации кои
пристигнуваат, се вели дека се согласил на трансфер во Јувентус во веќе
изминатиот летен преоден рок.

Хрватот извесен
период се наведува низ медиумите дека би можел да го напушти составот на
Каталонците, меѓутоа сепак остана во тимот на Валверде, а сега се вели дека бил
близу до трансфер во Јувентус.

„Мундо Депортиво“
пишува дека Хрватот и неговиот агент иако цело лето јасно посочуваа дека
посакуваат да остане во Барселона, сепак, третата по ред понуда од страна на „Старата
дама“ го променило мислењето кај нив.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани