Иван Ракитиќ
смета дека во евентуално сценарио во кое сезоната во Шпанија не би можела да
продолжи, шампионската титула би требало да и биде доделена на Барселона, иако
Хрватот тврди дека тоа е најнепосакуваното сценарио, бидејќи истата треба да се
заработи на теренот.
„Ние сите сакаме
сезоната да продолжи, да ја освоиме титулата на терен“ вели Ракитиќ за „Мовистар+“.
„Јас исто така
разбирам дека во случај да не можеме да се вратиме на терените на некој начин,
сезоната ќе заврши. Доколку ние сме на првото место на табелата, во тој случај
би требало нам да ни ја доделат шампионската титула“ додава тој.
„Најидеалното сценарио
е сезоната да се заврши, како и да е, но, секогаш со еден добро скроен план,
особено да се размисли и за идната сезона исто така“ заклучи Хрватот.
Кога сме кај
Ракитиќ, тој извесен период е на излезна врата од „Камп Ноу“, неговиот договор
со Каталонците истекува идната година, а се’ погласни се шпекулациите дека ќе си замине уште
претстојново лето.