Ракитиќ: Англија мислеше дека веќе е во финале… нека продолжат да летаат ние ќе играме против Франција!

by
1 минути читање

„Коцкастите“ ќе се борат за златото откако вчера во Москва на колена ја фрлија Англија. „Трите Лава“ веруваа дека конечно имаат тим кој ќе се бори за насловот светски шампион и избраниците на Саутгејт одлично го отворија мечот со гол на Трипиер од слободен удар во 5. минута. Но Англија не одигра ништо во второто полувреме и Перишиќ ја врати Хрватска во живот. Избраниците на Далиќ продолжија во исто темпо и во продолженијата каде Манџукиќ донесе голема победа од 2-1 за историско финале на Светските првенства.

„Ова е незаборавна ноќ, заслуживме победа бидејќи покажавме импресивна психолошка сила. Имаме уште многу енергија во нашите нозе, чудесно е да се види како фудбалерите на Англија не можеа повеќе да издржат, а ние можевме. Неверојатно е тоа што ќе играме финале. Франција е многу силен противник, но ние ќе се обидеме да одиграме најдобро што можеме и да победиме“ – вели Иван Ракитиќ.

Во медиумите од „Островото“ имаше многу стории за тоа како заморот ќе ги стигне Хрватите откако тие во нок-аут фазата на два натпревари играа продолженија и пенали.

„Велеа дека денеска нема да можеме да го издржиме темпото но имавме подобар ритам од Англија. Тие мислеа дека веќе се во финале… нека продолжат да летаат ние ќе играме против Франција“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани