Арсенал со 3-2 славеше на гостувањето кај Борнмут, а играч на мечот беше Деклан Рајс кој постигна два од трите погодоци за топчиите.
Мечот почна лошо за Арсенал, по еден кикс на Габриел, Еванилсон погоди во десетата минута за водство на Борнмут од 1-0.
Но, Габриел брзо се искупи за грешката, само шест минути подоцна тој постигна гол за 1-1 и ги врати работите од почеток.
По девет минути игра во второто полувреме Рајс по асистенција од Одегард погоди за комплетен пресврт и водство од 2-1.
Во 71. минута повторно гол даде Рајс, овојпат по асистенција од Сака за предност и од 3-1.
Шест минути подоцна Крупи намали на 3-2 за поинтересен финиш на мечот, но Арсенал ја сочува предноста и се израдува на победа.
Сега Арсенал има шест бода повеќе од Астон Вила и седум од Манчестер Сити кој има меч помалку, утре го пречекува Челси.