Рајола зема 49 милиони евра провизија за Погба, колку ќе „лапне“ сега од трансферот на Лукаку?

by
2 минути читање

Шампионот на
Англија остана со празни раце а „Црвените Ѓаволи“ добија големо засилување,
Мино Рајола успеа да го однесе Ромелу Лукаку на Олд Трафорд.

Челси со месеци
се обидуваше да го врати Белгиецот на Стемфорд Бриџ, но преговорите бележеа
спор прогрес.

„Сините“ одбиваа
да платат 100 милиони фунти, како и високата провизија за Мино Рајола.

По контроверзниот
агент веднаш најде решение, му се јави на Жозе Мурињо да го извести за
ситуацијата, Манчестер јунајтед реагираше експресно и за кратко време се
договори со Евертон.

„Црвените Ѓаволи“
ќе платат 75 милиони фунти (85 милиони евра), плус уште 15 милиони фунти во
бонус (17 милиони евра), а како дел од зделката, Вејн Руни за без пари се врати
на Гудисон Парк.

Најтрофејниот
клуб од Англија исто така се сложи и да ја плати провизијата која ја барал Мино
Рајола.

Францускиот
весник Лекип шпекулира со бројката од 12 милиони евра, додека некои весници од
островото пишуваат за сума од 15 милиони евра.

Само за
потсетување, Мино Рајола „лапна“ неверојатни 49 милиони евра минатото лето кога
го врати Пол Погба на Олд Трафорд за рекордни 105 милиони евра.

Тој земал
провизија од сите три страни: Манчестер јунајтед, Јувентус и Погба, па затоа
ФИФА покрена истрага.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани