Контроверзниот
агент минатото лето се обиде да изнуди заминувње на Пол Погба од Олд Трафорд но
Манчестер јунајтед не сакаше да слушне за трансфер и постави висока цена од
преку 150 милиони фунти.
Се очекува
Французинот и по крајот на сезоната да изрази желба за промена на средината и Рајола
сега меѓу редови најави нешто такво.
Проверете: БетАдриа бонус за Нова Година 2020
Италијанецот жестоко го нападна Манчестер
јунајтед, вели дека клубот нема спортски проект и може да упропасти и играчи од
калибарот на легендарните Пеле и Марадона
„Проблемот на
Погба е Манчестер јунајтед, тоа е кулб надвор од реалноста, без спортски проект.
Како што стојат работите во овој момент, никого не би однел таму, па тие сега
ќе го упропастат и Пеле и Марадона. На Пол му е потребен тим како оној претходниот
на Јувентус, од периодот кога играше за „старaта дама“ – вели контроверзниот агент.