Рајола удри по кинеските газди на Милан: Нивното однесување е срамно, за разлика од нив сопствениците на Интер се…

by
2 минути читање

„Росонерите“
никако целосно да преминат во раце на инвеститори од Далечниот Исток.

Зделката во
неколку наврати се одолговлекува и кинеските газди не можат да ги соберат
потребните средства за превземање на клубот.

На Мино Рајола не
му се допаѓа ваквата ситуација, и вели дека неговиот клиент Џиџо Донарума би
можел да замине од Сан Сиро.

„Има инвеститори
од Кина и инвеститори од Кина, не се сите исти
– вели контроверзниот агент.

„На пример
сопствениците на Интер се сериозни луѓе, ги познавам. Тие имаат јасни идеи,
сакаат да го вратат Интер помеѓу најдобрите 6-7 клубови во светот. Имаат
финансиска моќ да го сторат тоа и сигурен сум дека ќе успеат
.

„Што се однесува
до сопствениците на Милан, не ги познавам и до овој момент нивното однесување е
срамно. Креираат лоша слика. Се надевам дека ќе дојдат и ќе направат големи
работи во Милан. Но искрено не верувам во ова
.

„Донарума во
моментов е играч на Милан, има уште една ипол година од договорт и се фокусира
на својата работа. Јас ќе ја бркам мојата работа и ќе видиме што ќе се случи.
Сите знаеме каква е ситуацијата во Милан
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани